ВЕСНА ДЕДИЌ: “КАЛИОПИ БАРАШЕ ДА ДОБИЈАМ ОТКАЗ ОД РАБОТА, БИДЕЈЌИ НЕ СУМ САКАЛА ДА ЈА ЧЕКАМ ДА СЕ НАШМИНКА

266

Весна Дедиќ, водителката и авторка на култната емисија “Балканска улица” за српските медиуми  изјави дека повеќе нема да ја покани пејачката Калиопи во шоуто, бидејќи, како што тврди, не сакала да ја испочитува.

 “Никогаш нема да и се јавам. Ми се јавија од Македонската телевизија или нејзиниот менаџер, не се сеќавам точно, да ми кажат како би сакале таа да ми биде гостин. Реков да, прекрасна жена, навистина ја ценам, ги сакам нејзините песни. Беше закажано интервју во 14 часот и бев подготвенa да ja чекамe со тимот. Доцнеше, два и пол часот продуцентите велат дека се слушнале и дека ја поминала наплатната рампа. Јас реков супер, чекаме, нека дојде сега. На што таа рече дека не сака веднаш да дојде, дека сака да оди во хотелот да се шминка, и дека сме должни да ја чекаме”, вели Весна и додава:
“Ја повикав и и реков: „Слушајте Калиопи, тука има сниматели, камермани, тонци, кои имаат свое работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. Да дадете интервју на „РТС“ во „Балканска улица“ еден час, тоа треба да биде чест. Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим . Вие сте доволно големо име за да можете да се појавите пред камерата со малку маскара и пудра“. Таа рече дека не доаѓа предвид и дека ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас и реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, а јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да го заборавам тоа”, заклучи водителката за „Свет“.