Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев се најде на пакувањето од кесичките со сликички на официјалниот албум на Панини за Европското првенство ЕУРО 2021, кое заради коронапандемијата е померено од лани, за во јуни годинава.

Ова е голема чест за Пандев кого италијанскиот производител одлучи токму него да го стави. Ова е издание до душа е наменето за купувачите во Велика Британија, но нема да биде изненадување доколку Пандев биде и на изданието што ќе се најде на нашиот пазар. Напротив, дури тоа би бил и добар маркетиншки потег на Панини.











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























