Велија Рамковски најави нова емисија: “Од основањето на А1 па до денес, не можев да не размислувам за медиумите”

192

Поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, од денеска официјално има Јутјуб канал и сопствена Фејсбук фан страна.

Рамковски денеска преку видео-запис ѝ се обрати на јавноста, давајќи коментар за состојбата на медиумите во Македонија:

“Од 93-та година, од основањето на А1 па до денес, не можев да не размислувам за медиумите. Медиумите се еден од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава. Новинарите, покрај тоа што се новинари, имаат општествена одговорност да ги променат работите на подобро”, вели Велија во видеото.

Емисијата ќе се емитува утре во 20 часот, на неговиот Јутјуб канал.