Лавица фатила зебра, па ја опкружиле гладни хиени – а потоа дошол тој…

116

Снимката од лавица која фатила зебра, а набрзо останала без својот плен привлече огромно внимание на социјалните мрежи откако пред неколку дена беше објавена на Јутјуб.

Откако лавицата ја убила зебрата и започнала да ја јаде, многу брзо околу пленот се собрале неколку гладни хиени. Во еден момент, таа се обидела да ги избрка, но како што се зголемувал нивниот број, така тие се охрабрувале да дојдат што поблиску.

По некое време, на видеото се гледа како хиените бегаат – одненадеж, возрасен лав ја презел контролата над пленот, а потоа се појавил и друг мажјак. Набрзо, лавицата морала да побегне и да го напушти својот лов.

“Ова е брутално”, напишал еден гледач. “Природата е брутална”, “Вечниот танц во Африка”, коментирале други.

А колку е природата брутална, докажува и снимката од документарниот филм на Дејвид Атенбороу – “Seven Worlds, One Planet” која неодамна стана вирална, а во која пума и нејзините младенчиња се обидуваат да уловат гванако.