Кире со одличен француски разговараше со новинарите, а тие му се заблагодарија на македонски (ВИДЕО)

834

Кире Лазаров, капитенот на македонската машка ракометна репрезентација игра во голема форма и во втората своја сезона во Нант. Скоро на секој натпревар максимално ја користи минутажата и со голови и асистенции ги носи победите на својата екипа.

Вчера на француската телевизија на чист француски јазик, Лазаров ги објасни своите чувства во втората година во францускиот шампионат.

– Кога дојдов тука, не зборував француски. Јазикот е многу важен, да зборуваш со соиграчите, да го разбереш тренерот. Оваа година се чувствувам одлично, многу добра екипа сме, 18 ракометари и верувам во екипата и во големи работи сезонава – заврши Лазаров.

Водителите на „Bein sport“ беа одушевени што му се заблагодарија на нашиот Кире на македонски јазик.
Богатата спортска интернационална кариера Лазаров ја почна во Хрватска, а потоа се редеа Унгарија, Шпанија и сега Франција. Секаде каде што живеел Лазаров успевал да го научи јазикот, па така, освен англиски, Лазаров убаво и течно говори хрватски, унгарски, шпански и сега француски. Погледнете го видеото.

Лазаров за beIN SPORTS …на француски

Лазаров за beIN SPORTS France …на француски 🙂 #HandAction Lazarov, notre MVP, et en français !

Posted by Lazarov Kiril – 7 on Thursday, November 15, 2018