Вангел Божиновски со пофални зборови за Никола Ристевски: Предизвикува почит и охрабрување кога ќе забележите дека има млади луѓе кои се отргнале од мракот на актуелниот образовен систем

835

Во огромното количество информации кои што се споделуваат на интернет, а се напишани на македонски јазик, вистинска реткост е кога ќе се пронајдат објавени не толку познати податоци за нашата Македонија. Пребарувајќи на интернет, наидовме на еден коментар од архитектот Вангел Божиноски за еден млад публицист од Македонија.

„Предизвикува почит и охрабрување кога ќе забележите дека има млади луѓе кои се отргнале од мракот на актуелниот образовен систем кој ги полни главите на македонските природни творечки сили со омаловажувачки „информации“ за темелите на Македонското минато што подразбира на Македонската гордост и достоинство. Денес сум сосем спокоен дека посекаде низ соборите на Македонците во секоја генерација се раѓаат наследници на големото собирачко дело на Отец Паисиј, Цепенков, Чешмеџиски, Пулевски и другите наши сјајни претходници кои ги собирале податоците за посебноста на Македонската цивилизација.
Посебноста на Никола се состои во неговата дарба да ја пласира својата истражувачка дејност не само преку медиумот книга-пишуван збор, туку и преку најновите електронски медиуми…“
Овој автор, родум од Свети Николе, магистер по маркетинг менаџмент, во последните неколку години објавил дузина книги посветени на неговиот роден крај Овче Поле, но и на Кратово и цела Македонија. Повеќе за неговата работа можете да прочитате на https://www.facebook.com/nikolaristevski34/. Откако прочитавме дел од неговите фељтони со извадоци од книги кои се достапни на неколку интернет страници, го контактиравме авторот и наскоро и на нашата страница ќе можете да читате дел од неговите текстови.

м-р Никола Ристевски @ „Јади бурек“, ноември 2019

Гостување на м-р Никола Ристевски во емисијата „Јади Бурек“ кај Јанко ИлковскиЕмитувано во живо на Тв Сонце 13 ноември 2019 https://youtu.be/KgTP1vUcSNo#ОвчеПоле#Овчеполие#ОвчеполскиРегион#ОвчеполскаКотлина#Овчеполсказемја#СветиНиколе#НР

Gepostet von Никола Ристевски / Nikola Ristevski am Mittwoch, 11. Dezember 2019