Ванеса Брајант со емотивна порака за ќерка си, една недела по нејзината смрт: Објавата собра повеќе од 3 милиони лајкови

859

Помина една недела од несреќата во која загинаа Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

Ванеса Брајант денеска по трети пат ѝ се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и на својот Инстаграм профил објави цртеж кој ѝ го испратила една обожавателка.

На цртежот е прикажана малата Џиџи која држи кошаркарска топка во дрес од LA Lakers. Вдовицата на Брајант многу ја погодил овој цртеж, а на авторката јавно ѝ се заблагодари.

„Убаво ми е на душава кога ќе го видам моето девојче насмеано и како среќно ја држи кошаркарската топка по рака. Ти благодарам“, напиша Ванеса.

Фотографијата за неколку часа собра речиси 4 милиони лајкови, а Ванеса после смртта на сопругот на Инстаграм ја заследија повеќе од 8 милиони нови корисници.