После 27 години брак, Бил Гејтс се разведува од својата сопруга Мелинда

587

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат после 27 години брак, објавија на Твитер, со образложение дека „повеќе не веруваат дека заедно може да растат како двојка“.

„После подолго размислување и многу работа на нашата врска, одлучивме да му ставиме крај на нашиот брак“, напишаа тие на Твитер.

Бил и Мелинда се запознале во доцните 1980-те, кога таа почнала да работи во неговата компанија „Мајкросфот“.

Имаат три деца. Заедно ја водат Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која донира милијарди долари за помош за заразни болести и за кампањи за подигнување на свеста за вакцинација на деца. Според „Форбс“, Бил е четврти најбогат човек во светот.Нема достапен опис