Хелена Роза од Нов Зеланд успеа да ги изненади внучињата со подароци (ФОТО)

613

Хелена Роза, сестрата на нашата позната пејачка Ребека, иако со години живее во Нов Зеланд далеку од семејството, и оваа година успеа да ги изненади своите внучиња за време на овие претпразнични денови.

Дека тие се навистина блиски и многу поврзани говори фактот што Хелена успеа преку своја пријателка да направи изненадување и да ги израдува со подароци своите три внучиња, Маркијан, Доротеј и Макариј, кои судејќи според фотографиите се пресреќни поради тоа.

„Прекрасно е чувството кога таму, негде 22.000 илјади километри далеку, имаш пријател кој ќе направи украси и ќе ги достави најслатките путер-колачиња за три прекрасни дечиња. Ти благодарам Ивана Карговска, што иако толку далеку успеав со твоите колачиња. да си ги изненадам за Нова година моите внучиња, кои толку ми фалат Ве сакам Маркијан, Доротеј и Макариј“, напиша Хелена на социјалните мрежи, а Ребека пак јавно ѝ се заблагодари на својата сестра за прекрасниот подарок.