Утре без струја делови од пет скопски општини

423

Без струја утре од осум до 15 часот во општина Гази Баба ќе бидат корисниците од Макпетрол Идризово, НЕЦЕ ПЕТРОЛ, Пивар, Здравко, улиците 1, 3, 4, 5, 6 и 7 во село Мралино, улиците 2, 3 и 5 во Идризово, Ана Ком, Мајани, Алекс Идризово, Пилко, Мак Лифт, дел од ул. 3 во Колонија Идризово, и викенд населбата Идризово преку автопатот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Утре од 08:30 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од парните куќни броеви од бр. 60 до 66 на ул. „Бранко Заревски“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, од  09:00 до 15:00 часот од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани, корисниците од ул. „Бутелски Венец“ и дел од Македонско Косовска Бригада со подулиците, во општина Шуто Оризари), дел од ул. „Призренска“ и места викани Кукине, Долни Ливади, Горни Ливади и Чешма во општина Бутел.

Прекини на струјата утре од 10 до 12 часот ќе имаат корисниците од делови од улиците „Димитар Мирачиев“, „Јордан Мијалков“ и 50-та Дивизија во општина Кисела Вода.