Угледен американски научник: “Во наредните 6 месеци ќе биде одредена судбината на човештвото”

628

Престпната 2020 година и донесе на нашата цивилизација многу проблеми, како економски, така и климатски и биомедицински.

Нема сомнеж дека човештвото ќе трпи огромни последици поради ова.

Интересни се две работи: конечната цена која ќе мора да се плати за одредени одлуки и правецот на развој на светската заедница која ќе преовлада после кризата.

Професор од Калифорнискиот универзитет Џеред Дејмон веќе долга низа години спроведува истражувања во полето на географијата, биологијата, физиологијата и социологијата.

Неговото последно популарно научно дело беше посветено на тоа како луѓето се носат со кризата и промените, темелно анализирајќи ги најголемите кризи во различни земји.

Професорот во мај оваа година го изрази своето мислење на моменталната ситуација во светот. Научникот од САД ги идентификуваше трите основни услови за преминување на кризата: да се препознае нејзиното постоење, да се превземе одговорноста за донесените одлуки и да се користат најдобрите пракси во кризни ситуации.

Интересно е што под глобалната криза тој не мисли на пандемијата, туку на комбинацијата која се заканува по животната средина и недостатокот на ресурси. Уверен е дека ова е сериозен проблем за човештвото.

Тој вели дека Ковид-19 може да стане шанса за соединување на земјите поради решавање на глобални проблеми, своевиден центар на соединување. Тоа подразбира две опции за развој на нашата цивилизација:

  1. Земјите да ја препознаат потребата за тимска работа и заедно да работат на стратегија за преминување на глобалната криза користејќи ги праксите кои најдобро одговараат.
  2. Продолжување на трендот кој го гледаме денес и скратување на важни информации и технологии се со цел да стекнат предност во однос на останатите.

Професорот вели дека во наредните шест месеци ќе се утврди судбината на човештвото. Доколку настаните започнат да се развиваат според второто сценарија, на долгорочен план се може да заврши многу лошо.