Инфлуенсерка започна “корона предизвик“ – луѓето се згрозени од она што го направила

419

Додека цел свет стравува од зараза од коронавирусот и сите предупредуваат на важноста на хигиената, инфлуенсерката Ава Луиса одлучила да се пофали дека е “попаметна“ од тоа, па објавила видео на кое лиже даска од вц школка во авион.

Снимката ја објавила на ТикТок, каде ја следат околу 20.000 луѓе, а ја нарекла “корона предизвик“, односно corona challenge. Видеото се прошири на социјалните мрежи, а повеќето луѓе се згрозени од нејзиното однесување.

„Одвратно, ниту на нејзините родители нема да им биде лесно после ова“, „Треба да биде уапсена, бидејќи ги поттикнува луѓето да се изложат на зараза, што не е во ред со неа?“, „Ова е крај на човечкиот род“, „Ова е природна селекција“, биле дел од коментарите.

Ава видеото го тргнала од својот профил и се јавила со коментар дека знае дека нејзините фанови се загрижени за неа и се плашат дека би можела да умре, но дека таа е ‘сосема добро’. Ги поучила гледачите дека коронавирусот е инфекција на дишните патишта и дека таа го нема тоа, а тоа и го демонстрирала, покажувајќи како пуши.

На Инстаграм, каде ја следат околу 150.000 корисници, објавила дека тоа го направила за CNN да известува за неа и изјавила дека пред лижењето, поминала 40 минути дезинфицирајќи ја даската од вц школката. Исто така се пофалила дека поради тоа видео заработила 4.000 долари.