АРКАТА НА ДЕДО НОЕ НЕ Е МИТ!? (ВИДЕО)

204

Американскиот геолог и палеонтолог Раул Есперанте отишол во провинцијата Агри, за на највисоката турска планина Арарат да ги истражува трагите и доказите дека во делот на Анадолија е уништена арката на дедо Ное.

Во Агри, Есперанте ќе присуствува на 4-тиот меѓународен симпозиум за заринкувањето на арката на Ное, а потоа ќе започне со истражување на теренот.

Тој кажал дека дошол од Калифорнија за да ги истражи сите катастрофи, кои се случиле во тој дел на Турција и дека бара докази за Арката на Ное.

“Ќе ги истражувам падините на планината Арарат каде што постојат траги за арката на Ное. Мое подрачје на истражување се големите катастрофи кои се случиле во минатото. Тоа ќе го направам и тука, а на крај ќе ги запишам и објавам резултатите до кои ќе дојдам” кажува Есперанте.

Репортерска екипа од воздух ги снимила падините каде што се верува дека удрила арката на Ное.

Во Агри пристигна и професорот од Универзитетот во Истанбул, Октај Бели, кој повеќе од 4 децении врши археолошки истражувања на планината Арарат

“Поплавата и арката на Ное не се митови, тоа се настани кои навистина се случиле. Сите свети книги кажуваат за тоа. Тоа се случило тука, во Анадолија. Го почитуваме тој дел од нашата национална култура. Ное е некој кој го сметаме за втор татко на човештвото. Веруваме дека тука живеел и повторно градел цивилизација. Горди сме на тоа.” кажува Бели.

Тој укажува на тоа дека целата светска јавност ги следи истражувањата во врска со арката на Ное. Симпозиумите до сега резултирале со 108 објавени трудови кои зборуваат на таа тема.