Уапсени чесни сестри во Шкотска кои сексуално злоупотребувале деца

243

Шкотската полиција уапси неколку чесни сестри и други вработени во католички дом за деца поради сексуална и физичка злоупотреба на деца. Полицијата уапсила 12 лица, меѓу кои има и чесни сестри, кои се обвинети за децениска злоупотреба на децата во домот „Смајлум Парк“ во Лунарк, пишува „Гардијан“.

Уапсени се уште четири члена на католичката институција, а уапсените чесни сестри биле на возраст од 71 и 93 години.

„Дванаесет лица – 11 жени и еден маж, на возраст од 62 до 85 години, се уапсени поради злоупотреба на децата. Ќе има пријави за уште четири лица“, велат од полицијата. Тие ги присилувале децата да го јадат тоа што по повратиле, ги изгладнувале и сексуално ги малтретирале.

Обвиненијата за малтретирање на децата во „Смилум Парк“, кои вклучуваат и наводи за сатанистички ритуали, се во центарот на долготрајна истрага за сексуално малтретирање на децата во детскиот дом во Шкотска. Жртвите на организацијата за истражување малтретирани деца СЦАИ ѝ раскажале што доживеале во домот пред тој да биде затворен во 1981 година.

Една жртва раскажала дека шестгодишник умрел во домот поради тешко претепување. Друга жртва рекла дека едно дете умрело кога било оставено голо на дожд три часа. Семејствата на поранешните штитеници биле згрозени од откритието дека околу 400 деца се закопани во необележани гробови на блиските гробишта. Повеќе од 11.000 деца биле сместено во домот од 1864 година до неговото затворање 117 години подоцна. Некои биле сираци, а за други семејствата не можеле да се грижат.

loading...