Путин открива: Со два збора му објаснив на Трамп за инцидентот со Украина

0
73

Рускиот претседател смета дека потребно е Русија и САД да водат дијалог за сите сложени теми, вклучувајќи го и Договорот за ракети од среден и краток домет, како и Договорот за нуклеарното оружје.

На конференцијата за новинари во рамките на самитот Г20 во Буенос Аирес, Владимир Путин истакна дека му е жал што немал состанок со американскиот колега Доналд Трамп во целосен формат, констатирајќи дека таквиот состанок е одамна потребен.

Рускиот претседател откри дека со првиот човек на САД поразговарал накратко и со „два збора“ му одговорил на прашањата за инцидентот со Украина во близина на теснецот Керч кој ги спојува Азовското и Црното море.

„Сепак ние, како што се вели, набрзина поразговаравме како и другите. Со два збора му одговорив на прашањата за инцидентот во Црното море. Тој има свој став за тие прашања и проблеми, а јас свој. Секој остана на своето мислење, но во секој случај јас го информирав за тоа што јас мислам за тој инцидент“, изјави Путин.

Рускиот претседател истакна дека се надева дека средбата со американскиот колега ќе биде одржана кога американската страна ќе биде подготвена за тоа.

Како што е познато, три брода на украинската воена морнарица беа нападнати од руската крајбрежна стража на 25-ти ноември. Бродовите беа запленети, а украинските морнари беа уапсени.

Според Украинците, ова е опасна агресија од страна на Русија – од Киев тврдат дека Русите биле информирани за рутата на движење на украинските бродови, но тие сеедно биле нападнати по што потешко биле ранети тројца украински морнари, сите биле потоа заробени, а трите брода биле запленети.

Како резултат на ова, украинските власти воведоа воена состојба, а деновиве беше воведена и забрана за влез на руските „воено-способни“ државјани на територијата на Украина. Од друга страна, Русите ги отфрлаат таквите тврдења на Киев и тврдат дека украинските бродови нелегално навлегле во руски територијални води.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here