Бекам прави „дрим-тим“ од Интер Мајами, скрои список од кој боли глава

79

Грандиозниот проект Интер Мајами на Дејвид Бекам го чека својот старт во МЛС-лигата, а сопственикот на клубот сака да изгради респектабилен тим кој ќе атакува на највисок пласман во најквалитетното американско фудбалско натпреварување.

Бекам веќе крои тим за првиот настап во првенството на САД. Планот е пред март да се донесат неколку звучни имиња, за да се подигне квалитетот на тимот. Истовремено, се бара и нов тренер, а како најсериозно име се споменува Сантијаго Солари.

Првото име кое го сака Бекам е Хавиер Маскерано кој игра во Азија. Тука е и Единсон Кавани, а се споменува и можен ангажман на Лука Модриќ. Во игра е и англискиот голман Џо Харт, како и Антонио Валенсија, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Од повеќе познатите играчи се споменува и името на Даниеле Де Роси, како и Месут Озил и Дриес Мертенс. Од овие играчи шансите се најмали за Озил, пред се поради неговите големи примања во Премиер лигата.

Досега за Интер Мајами потпишаа Матиас Пелегрини и Хулиан Каранца од Аргентина, Виктор Улоа од Мексико, Давид Норман и Џеј Чепман од Канада, Кристијан Макун од Венецуела, како и Дрејк Календер и Џорџ Акоста од САД.

Првиот натпревар во МЛС-лигата Интер Мајами ќе го има во март, против Лос Анџелес Галакси.