Туристите едногласни: Ова е градот во кој луѓето се чувствуваат најбезбедно и најпријатно

522

Според резултатите од новото истражување, холандскиот Амстердам е прогласен за најпријателски туристички град на светот.

Истражувањето го спровела агенцијата “Authentic Vacations” која анализирала 10 големи градови и вклучила фактори како што се аеродроми во близина на градот, квалитетот на локалниот аеродром, севкупното задоволство од дестинацијата, познавањето на англиски јазик, достапноста за сместување и безбедноста.

Резултатот вели дека Амстердам претставува “одличен градски одмор”. Во него можат да се посетат многу интересни локации како и многу активности на дневно ниво – од посета на музеи до лежерни прошетки покрај каналите.

Кога сонцето ќе зајде, оживуваат рестораните, баровите и клубовите, а атмосферата е пријателска. Луѓето се срдечни и љубезни.

Ова е листата на најпријателски туристички градови на светот:

1. Амстердам

2. Виена

3. Дубаи

4. Лондон

5. Копенхаген

6. Њујорк

7. Берлин

8. Сиднеј

9. Хонг Конг

10. Ванкувер