Добитникот на премијата на новогодишната лотарија во Турција и не е толку среќен, со оглед на тоа дека не се јавил навреме да ја преземе наградата, па добивката е поништена.
Како што пренесува „Daily Sabah“, добитникот на наградата од 70 милиони турски лири (или повеќе од 11 милиони евра), не се јавил пред рокот кој истекол на 31-ви декември, 2019-та година, во 17:00 часот, па чекот бил вратен во турското министерство за финансии.
Мистериозниот добитник предизвикал голема љубопитност кај турската јавност и стигнал до насловните страници, бидејќи не одговарал на јавните повици да ја подигне наградата, која е извлечена на 31-ви декември 2018-та година.
Според официјалните претставници на турската лотарија, ова е првпат добитникот да не ја подигне премијата. Тие велат дека добитникот повеќе нема право да ја подигне премијата.
Премијата на новогодишната лотарија во Турција за 2019-та година изнесува 80 милиони турски лири (или околу 13,5 милиони евра).


![[ВИДЕО] Крај на чекањето по шалтери: Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/ESCO9-9-218x150.png)












![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-100x70.jpg)



