Турција гневна поради карикатурата на Ердоган на насловната страница на „Шарли Ебдо“

70
epaselect epa06387396 Turkish President Recep Tayyip Erdogan speaks at a press conference after the extraordinary summit of the Organisation of Islamic Cooperation (OIC) in Istanbul, Turkey, 13 December 2017. Leaders of OIC gather in Istanbul after US president Donald J. Trump on 06 December announced he is recognising Jerusalem as the Israel capital and will relocate the US embassy from Tel Aviv to Jerusalem. EPA/SEDAT SUNA

Сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ на својата насловна страница го стави турскиот претседател Ердоган. Турција реагира остро и обвинува за „културен расизам“.

Турција остро ја осуди насловната страница на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, на која има карикатура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердогановиот директор за комуникации, Фахретин Алтун, го обвини магазинот за „културен расизам“.

„Таканаречените карикатури“ се „одбојни“ и без човечки морал, се вели во соопштението на Алтун. Тој пишува дека „анти-муслиманската агенда на францускиот претседател Емануел Макрон носи плодови“.

Карикатурата објавена денеска на насловната страница на „Шарли Ебдо“ носи наслов: „Ердоган: Во четири очи е многу забавно“. На неа е прикажан турскиот претседател Ердоган во маица и гаќи кој пие од лименка. Притоа, Ердоган го поткрева здолништето на забрадена жена за да и’ го открие задникот. „Ооо, пророк“, вели фигурата. Насловната страница носи наслов „Ердоган – приватно е многу забавен“.

Односите на Франција и Турција се вжештени со денови. Повод беа изјави на Макрон за слободата на мислење и за исламот по бруталното убиство на професорот Самуел Пати од страна на осомничен исламист. Францускиот претседател повеќепати застана во одбрана на слободата на мислење и на објавувањето карикатури. Самуел Пати ги прикажал карикатурите за пророкот Мухамед во текот на настава за слободата на мислење.