Заштитата што Зоран Заев и Оливер Спасовски им ја овозможуваат на криминалци и овозможиле издавање македонски пасоши на припадници на српско-црногорската, албанската, турската и италијанската мафија, покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминален нарко-картел исповрзан со мафиите од регионот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Само криминалци овозможуваат заштита на криминалци. Таков е случајот и со Зоран Заев и Оливер Спасовски. Тие од државата направиле Колумбија на Балканот. Овозможиле пасоши на српско-црногорската мафија, албанската, турската и италијанската мафија. И денес Заев и Спасовски овозможуваат заштита на криминалците зошто никој не ги бара и гони за кривично дело.
Мрежата на Седат Пекер во Турција се апси, а во Македонија истиот тој шета со заштита од полицијата. Тоа е така зашто Заев е на чело на тој криминален октопод.
Аферата „Мафија“ покажува дека Заев и Спасовски се главата на криминалниот нарко картел исповрзан со мафиите од регионот.
Што се однесува до Пустец, токму МВР на Спасовски е тоа кое за познати криминалци крадело идентитети на граѓани од Пустец за да ја спаси мафијата – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















