Во судирите меѓу кинеската и индиската војска во граничната област Ладак во спорниот регион Кашмир загинале тројца индиски војници, меѓу кои и еден офицер.
Како што денеска соопшти индиската војска, жртви има на двете страни.
Пекинг сепак не соопшти дека има загинати од нивна страна.
Инцидентот, кој се случил доцна синоќа, е најсериозен меѓу двете земји во изминатите години.
Кина ја обвини Индија дека е одговорна за инцидентот, тврдејќи дека индиските војници двапати ја поминале спорната граница и „ги нападнале“ кинеските војници.
Индиски претставници претходно соопштија дека кинески војници влегле во Ладак на почетокот на мај, поставиле шатори и стражарски куќички, игнорирајќи ги предупредувањата да си заминат. Тоа довело до тензии, проследени со тепачки и гаѓање со камења.
Индија соопшти дека претставници на двете земји одржуваат состаноци за да ја смират ситуацијата.
Индија и Кина војуваа поради прашањето на границата во 1962 година, од почетокот на 1990-тите се обидуваат да го решат спорот.
Кина тврди дека ѝ припаѓа територија од околу 90 илјади квадратни километри на североистокот на Индија во индиските сојузна држава Аруначал Прадеш каде што живее будистичко население.
Индија наведува дека Кина окупирала 38 илјади квадратни километри нејзина територија во западниот дел на Хималаите, вклучително и дел од регионот Ладак.