Познатата пејачка Сања Цинцева – Барбика деновиве го снимаше видеото за новата песна која што носи интересен наслов – „Ковид и секс“.
Приказната во рефренот е тема на самата Сања, идејата ја добила изминатава година додека траеше пандемијата со коронавирус, а истата ја реализирале Борче Нечовски и Дејан Момировски, двоецот кој што ги потпишува сите големи хитови на пејачката.
„Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за „Ковид и секс“. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, откри сексапилната Сања.

Кадрите за видеото веќе се снимени, зад режисерската палка стои Дарио Јанковиќ, а во улога на доктор во спотот се појавува манекенот Димче Димчевски.
Последно нешто што слушнавме од Сања беше темата на српски јазик „Доказ“, а големо внимание привлече и видеото за „Барбика кралица“, дуетската песна која што ја сними со кралот на трубата – Џамбо Агушев.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













