„Tripadvisor“ ги избра 10-те најубави плажи во Европа и светот

101

Погледот на плажа од соништата никогаш не бил попосакуван и подолго очекуван отколку во овој момент, кога сите сонуваме за повторните патувања.

Но, кога-тогаш повторно ќе можеме да патуваме, а во тој оптимистичен дух „Tripadvisor“ ги претстави своите најдобри плажи за 2021 година.

Сајтот креирал 2 листи – топ 10 плажи во светот и топ 10 плажи во Европа, избрани од страна на нивните корисници, пренесува британскиот „Metro“.

Некоја од овие европски плажи би можела да биде вашето идеално место за одмор и забава кога ќе се укинат забраните за патување. Погледнете како изгледаат листите и одберете го вашиот фаворит.

10 најдобри плажи на светот

1. „Whitehaven Beach“ – остров Витсандеј, Австралија

2. „Santa Maria“ – Кајо Санта Марија, Куба

3. „Baia do Sancho“ – Фернандо де Нороња, Бразил

4. „Grace Bay“ – острови Туркс и Каикос

5. „ Saint Pete“ – Флорида, САД

6. „Turquoise Bay“ – Ексмаут, Австралија

7. „Eagle Beach“ – Аруба

8. „Spiaggia dei Conigli“ – Лампедуза, Италија

9. „Ka’anapali“ – Хаваи, САД

10. „Baía dos Golfinhos“ – Праја да Пипа, Бразил

Топ 10 плажи во Европа

1. „Spiaggia dei Conigli“ – Лампедуза, Италија

2. „Playa de Cofete“ – Фуертевентура, Шпанија

3. „Praia da Falésia“ – Ољос де Агуа, Португалија

4. „La Concha – San Sebastian“ – Доностија, Шпанија

5. „Bournemouth“ – Борнмаут, Велика Британија

6. „Laguna Balos“ – Кисамос, Крит

7. „Elafonissi“ – Ефалониси, Крит

8. „Plage de Santa Giulia“ – Санта Џулија, Корзика

9. „Kleftiko“ – Милос, Грција

10. „Porthminster“ – Сент Ајвс, Велика Британија