Од стандардниот рецепт се разликува само во начинот на додавање јајца
Палачинките се десерт што сите ги обожаваат, а најмногу им се радуваат децата.
Сите го знаеме стандардниот рецепт за палачинки кој е лесен за приготвување.
И покрај вложениот труд, на многумина им се случува омилениот десерт да не им излезе како што сакале.
Но со помош на еден трик и малку поинакво приготвување на смесата, палачинките секогаш ќе ви бидат совршени.
Приготвување:
- Пригответе смеса за палачинки на вообичаениот начин, со мала измена, така што белките ќе ги одвоите од жолчките. Изматете ги жолчките во смесата, а белките оставете ги на страна.
- Кога во смесата ќе ги ставите состојки (освен белките), добро промешајте.
- Од белките направете изматен снег, кој не треба да биде ниту мек, ниту цврст.
- Полека додајте ги изматените белки во смесата.
Токму овој изматен снег ќе им даде пенеста структура, мекост и фантазија од вкусови. Толку се совршени, што дури и кога ќе се оладат и отстојат, нема да станат жилави!















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















