Сериска прељубница спиела со над 100 оженети мажи, а кај сите од нив го забележала истото

747

Новото истражување покажува дека ставот на нашите родители за неверството влијае и врз тоа како ние го доживуваме истото.

Имено, утврдено е дека дури две третини од испитаниците чии мајки биле неверни во бракот, имале некој облик на љубовна афера.

Интересно е што 32 отсто од жените признале дека неверството на нивните мајки на некој начин им дало крилjа слободно да се однесуваат во врската. Сето наведено важи и за мажите ако нивните татковци биле склони кон неверство, но не во толкав процент.

Ваквите резултати ги навеле научниците да утврдат постоење на т.н. “ген за неверство” кој наводно се пренесува од колено на колено. Во оваа теорија верува и Гвинет Ли, жена која јавно се декларира како сериска прељубница.

Гвинет досега неколку пати била во фокусот на светскиот печат, пред сè поради фактот што отворено и без срам зборува за својот сексуален живот и навиката да спие со оженети или зафатени мажи.

Таа тврди дека во изминатите 10 години спиела со над 100 оженети мажи, а вели дека барем три четвртини од нејзините љубовници имале неверни родители.

“Синовите и ќерките на неверните родители чувствуваат помал страв од критика бидејќи знаат дека и тие во минатото го правеле истото. Еден маж со кој се гледав беше богат банкар од Кембриџ, чија мајка била 3 пати во брак. Тој израснал, гледајќи ја како излегува со успешни мажи и тоа секако влијаело и на неговото однесување подоцна во животот”, раскажала Ли.

“Уште еден од моите љубовници беше тип во своите 30-ти години чии родители биле неверни во текот на неговите тинејџерски години. Денес тој е во брак и не може да биде верен. Ми кажа дека идејата да остане заедно со иста жена 50 години му изгледа здодевна откако видел колку неговите родители се забавувале со други луѓе. И неговата сопруга е неверна, исто така по примерот на нејзините родители. Би рекла дека неверството привлекува друго неверство, така што и двете страни знаат што да очекуваат”, додала таа.

Оваа атрактивна дама вели дека бројни нејзини пријателки ги изневеруваат своите сопрузи и дека за тоа отворено зборуваат со своите мајки кои дури им делат и совети како да не се дознае за неверството.