
Доналд Трамп кој ги загуби изборите во САД и не успеа да освои реизбор на претседателската позиција има намера да продолжи да шири неосновани обвинувања за измама на гласачите на претстојните митинзи, наведуваат извори од Белата куќа за „Аксиос“.
Трамп и неговите сојузници продолжуваат да изнесуваат неосновани обвинувања за масовна измама на гласачите, откако водечките светски медиуми објавија во саботата дека Џо Бајден е новоизбран претседател на Соединетите американски држави.
Аксиос повикувајќи се на извори од Белата куќа, тврди дека планот на Трамп е да ја пропагира идејата дека мртви луѓе гласале на изборите. Неоснованите извештаи за гласање на мртви луѓе започнаа брзо да се шират на Интернет по изборите и беа нагласувани од Трамп и други истакнати републиканци.
Во еден момент по изборите, на социјалните мрежи се прошири дезинформација дека во Пенсилванија имало дури 21 000 гласови од починати лица. Ова на Твитер го сподели и личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани. Њујорк Тајмс разоткри дека станува збор за дезинформација.
Во друг случај, синот на претседателот Доналд Трамп јуниор сподели твит за дека во Мичиген наводно е признаен глас на мртов човек. Инсајдер и Тајмс набрзо разоткрија дека станува збор за дезинформации. Гласот му припаѓал на синот на починат маж, односно таткото и синот делеле исто име.
Иако сè уште нема докази за голема изборна измама, Трамп не престанува да ја пропагира ова идеја и по изборите.
Тој исто така покрена неколку тужби во државите кои ги одлучија изборите како Мичиген, Пенсилванија, Аризона, Џорџија и Невада. Повеќето се однесуваат на броењето на гласачките ливчиња, и наводно планира да побара повторно пребројување во некои држави, вклучувајќи го и Висконсин.
Во балканските земји, а посебно во Македонија во сите претходни изборни турнуси има реакција за непречистениот избирачки список на кој со години остануваат неизбришани гласачи и по својата смрт што секогаш ги доведува во прашање резултатите на некои избирачки места, но и на изборите во целина.
















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)



















