Мајка го видела синот по 68 години: Бегајќи од Северна Кореја ги изгубила сопругот и детето, течеле без зборови

1251

Околу 90 семејства од Северна и Јужна Кореја се собрале во понеделникот во Северна Кореја, плачејќи и прегрнувајќи се едни со други по разделувањето кое трае повеќе од шест децении, уште од Корејската војна (1950.-1953.).

92-годишната Ли Кеум Сеом живее во Јужна Кореја, а нејзиниот син живее во Северна Кореја и има 72 години. Во понеделникот таа го видела својот син прв пат по 68 години, а последен пат го видела кога имал четири години.

Краткото собирање, кое траело само 11 часа во севернокорејското туристичко место Моунт Кумганг, било договорено откако Северот и Југот ја обновиле размената оваа година благодарение на суспензијата на севернокорејското тестирање на нуклеарните и ракетните програми. Ким Јонг Ун и Мун Џае Ин договориле круг нови средби за време на нивната прва заедничка средба во април.

“Не можев ни да замислам дека ќе дојде овој ден. Не знаев дали е жив или мртов”, рекла Ли плачејќи. Таа ги изгубила сопругот и синот во паника додека се обидувале да побегнат од Северна Кореја. Кога го видела својот син солзите почнале да течат.

Околу 330 луѓе од Северна Кореја од 89 семејства, од кои голем број во инвалидски колички, се сретнале со 185 роднини од Јужна Кореја, не криејќи ги солзите и среќата. Некои одвај ги препознале своите роднини кои не ги виделе повеќе од 60 години.