Трамп ги разбеснил Иранците: Пратениците во униформи на гардата ја почнале седницата со повици “Смрт за Америка”

183

По одлуката на САД иранската Револуционерна гарда да ја прогласи за странска терористичка организација, пратениците на Иран ја започнале седницата извикувајќи “Смрт за Америка”.

Многу пратеници носеле униформи на Револуционерната гарда, за да ја покажат поддршката за таа елитна вооружена формација, пренесува “AP”.

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани, американската одлука Револуционерната гарда да ја прогласи за терористичка организација е “врв на глупавоста и незнаењето”.

“AP” наведува дека одлуката на САД е без преседан и дека постои можност дека има “одмазда”, што, за возврат, ќе ја отежне соработката на САД со своите сојузници во регионот.

Иран на таа одлука одговорил прогласувајќи ги сите американски вооружени сили за терористички, а самата држава ја обвини дека го поддржува тероризмот.