Градските власти го украсуваат плоштадот „Македонија“ во рамки на одлуката што ја донесе градоначалникот Петре Шилегов сепак да има предновогодишно китење.
На плоштад е поставен големата новогодишна елка, на просторот помеѓу фонтаната Воинот на коњ и партерната фонтана кои поради ладното време не работат.

Китењето на Скопје треба да заврши до 5 декември. Шилегов долго размислуваше дали да го реализира тендерот за новогодишно украсување што го распиша во септември годинава, за што се одвоени 200 илјади евра
Тој истакнува дека градската власт не се откажала од празничната новогодишна атмосфера по улиците и плоштадите во Скопје, со намера да ја врати „надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата“.
Годинава, според Шилегов, градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година“.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











