Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно му се закани на Брисел со царини, истакнувајќи дека Европа мора да игра по правилата или ќе и бидат воведени пеколни царини.
„Европската Унија е многу цврста. Тие не им дозволуваат влез на нашите производи. Не дозволуваат увоз на нашите земјоделски производи“, изјавил Трамп, наведе „Белата куќа“.
Претседателот додава дека можеби, на некој начин, ЕУ е поцврста од Кина.
Трамп истовремено ја обвини ЕУ дека наплаќа високи царини на американските автомобили, додека тие не наплаќаат речиси ништо кога ги увезуваат автомобилите од Европа.
Царините на ЕУ за увоз на автомобилите изнесуваат 10 проценти, додека американската тарифа изнесува 2,5 отсто. Брисел сака да разговара за намалување на царините на автомобилите од Вашингтон како дел од планираниот трговски договор, но американската страна досега отфрлаше разговори по ова прашање.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











