Сообраќајна несреќа во која е повреден малолетник се случила вчера во 15.20 часот на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци.
Од МВР информираат дека товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.
-Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















