Toм Круз се откажа од ќерка му, девојчето не можело да престане да плаче кога ги читало неговите писма

603

Сури Круз, 14-годишната ќерка на актерите Том Круз и Кејти Холмс, не можела да престане да плаче кога ги прочитала писмата од нејзиниот татко што ѝ ги напишал на нејзината мајка, пишува „Entertainment Times“.

Адвокатот на Кејти ги чувал овие писма и по разводот затоа што верувал дека може да се најдат еден ден. Иако Кејти сакала ќерка ѝ да ги види овие писма кога ќе биде многу повозрасна, сепак дошол моментот кога никој не го планирал.

Девојчето ги нашло овие писма во куќата на нејзината баба и дедо.

„Тоа беше многу емотивен момент и за Кејти и за Сури. Кејти планираше да ѝ ги покаже овие писма на Сури еден ден, но во преправена верзија. Таа не беше подготвена за прашањата на ќерка ѝ“, вели изворот на „Entertainment Times“.

Славниот актер не ја видел својата ќерка Сури четири години. Девојчето живее со мајка си, Кејти Холмс, која исто така е акерка, а дури сега е откриено зошто Том не е вклучен во нејзиниот живот. Според медиумите, главната причина за ваквата одлука на славниот актер е тоа што тој ѝ припаѓа на Скиентолошката црква, која од популарната ѕвезда направи осамен „волк“. Кејти не дозволи нејзиното дете да расте како што проповеда оваа црква, што пак влијаеше врз одлуката на Том да нема комуникација со девојчето.

Том ја потврди својата одлука преку пријателката Маријан Картер, која ги замоли неговите фанови да не објавуваат фотографии од девојчето на неговите профили.

-Не ставајте фотографии од Сури на неговиот профил. Таа повеќе не е дел од неговиот живот и ова е негово барање – напиша Картер која исто така е дел од црквата што му брани на актерот да има блиски односи со луѓе кои не ѝ припаѓаат на оваа заедница.

Том не ги гледа ни своите други две деца, Изабела и Конор.