Фатен албански државјанин при обид за кражба во џамијата во Пирок

783

Албанскиот државјанин Е.Ш.(29) вчера бил уапсен од полициски службеници на Секторот за внтрешни работи Тетово  при обид за кражба во џамија во тетовското село Пирок информираа од СВР Тетово.

Според полицијата Е.Ш. бил уапсен  вчера  околу 9 часот и 30 минути  откако обидот за кражба бил пријавен  од С.Ш.(31) од Пирок.

Албанскиот државјанин  Е.Ш. се сомничи дека во текот на овој месец извршил уште две кражби во џамии во Тетово и гостиварското село Равен, при што одзел парични средства, три сребрени прстени и рачен часовник.

Тој бил задржа во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, велат од полицијата.