Толку ли не си го сакаме својот град што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?!

183

Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк, пишува на својот Фејсбук профил ЈП „Паркови и зеленило“.

Толку ли не си го сакаме својот град што постоано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?!

Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина.

А и за што друго ни се дадени рацете ако не за да и дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!