Мајката не била импресионирана со изборот, па одлучила да се замеша и сама да обезбеди бурма за својот син. Оваа одлука приилчно ја вознемирила невестата.
Невестата ја споделила приказната на Редит за тоа како нејзината свекрва направила нова бурма за својот син бидејќи не и се допаднала онаа која брачниот пар ја избрал пред венчавката.
-Започнав да сфаќам дека мојата свекрва сака таа да биде личноста која ќе се омажи за мојот сопруг – раскажува невестата.
-Пред да се венчаме, бараше да види какви бурми сме избрале. И ги покажавме со задоволство. Успеав да набавам делови од бочвата од првата пивара која заедно ја посетивме, му ги дадов на златарот со чија работа бев опседната со години, да ги вгради во нашите бурми.
Меѓутоа, неговата мајка не била импресионирана со изборот, па одлучила да се вмеша и самата да обезбеди бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемирила невестата.
Пред неколку недели, мојата свекрва го праша мојот сопруг која големина на прстен му одговара, тој и одговори, и продолжи. Кога дојдов дома од работа, пронајдов мало пакетче наменето за мојот сопруг. Имајќи во предвид дека немаше ништо порачано, помисливме дека станува збор за задоцнет свадбен поклон. Кога го отвори пакетчето, пронајде порака од својата мајка и машки прстен.
-Го видов овој прстен и помислив на тебе – напишала свекрвата, и додала:
-Мислам дека ова многу повеќе ќе му одговара на твојот стил, отколку бурмата која ја имаш.
Брачниот пар бил сложен во тоа дека прстенот треба да биде вратен. Меѓутоа, ниту тоа не бил крајот на приказната.
-Кога следниот пат заминавме кај неа, јас навистина не сакав да разговараме за тоа колку неприкладно беше тоа што го направи во врска со нашите бурми – открива невестата во својата исповед.
Меѓутоа, нејзината свекрва прашала зошто го вратиле пакетчето, што го навело нејзиниот син да и објасни зошто нејзината постапка била проблематична.
-И објасни зошто нашите бурми ни се важни, и колку ни значат, и дека не го интересира што таа мисли за тоа. Исто така, ја предупредил да не прави слични потези во иднина