Стефан и Мартин Филиповски, братското дуо близнаци од македонската група „Некст тајм“ со уште една фантастична преработка ги разбудија најдлабоките чувства и емоции кај Македонците.
Спотот и песната на интернет каналот Јутјуб за само неколку дена добија илјадници прегледи, видеото се најде речиси на сечиј профил на социјалните мрежи, а коментарите не стивнуваат како во медиумите, така и кај публиката.
Кога е во прашање маестралната филмска изработка на спотот, браќата и овој пат го ангажираа Огнен Шапковски, но направија и одличен избор за главата протагонистка на приказната.

Во „Слушам кај шумат шумите“ таа улога и припадна на актерката Ана Стојановска, во „Ја излези Ѓурѓо“ пак, главна беше одбојкарката Власта Ружинковска.
Спортистка, актерка, а сега за „Нешто ќе те питам бабо“, главна е манекенка.

Станува збор за Ивана Гелева која е доста позната на македонската модна сцена.
Таа е вистински моден камелеон, па речиси да нема дизајнер кој досега не ја ангажирал за ревија или фотосесија.

Мартин и Стефан и овој пат кога е во прашање кастингот за женската улога, направија одличен избор.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















