Меган Маркл неодамна гостуваше во емисијата на Елен Деџенерис, а реакциите за нејзиното појавување не престануваат.
Додека на едни им е драго што ја виделе во емисија, други го критикуваат нејзиното однесување.
Голем критичар е и нејзиниот татко, Томас Маркл. Вели дека со своето појавување ја повредила кралицата Елизабет, кралското семејство и генерално Британците.
„Направи будала од себе и треба да ја загуби титулата. Ја сакам ќерка ми, но нејзиниот настап беше смешен“, рекол Томас за „The Sun“.
За потсетување, војвотката Меган во емисијата се согласила на ‘prank’ и се согласила да прави многу необични работи. Меган правела клекнувања, се допирала со предмети по лицето и во еден момент пиела млеко од шише за деца.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















