Талески: Немавме решение за одбраната, само Лазаров погодуваше од надвор

565

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство (ЕП) и во рамки на втората рунда загуби од Чешка (27-25). По натпреварот, Филип Талески истакна дека бековите немале решение за одбраната на Чешка која доста добро ги затворила шутерите.

„По натпреварот со Украина апелиравме дека не смее да паѓаме во иднина. Тоа ни се случи сега. Во вториот дел доста промашувавме. Немавме решение како да ја разбиеме одбраната на Чешка. Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние од левата страна не можев да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме“, изјави Талески.

За Чешка ова беше прва победа и во групата ќе има вистинска борба за местата што носат понатаму. Во последното коло Македонија игра со домаќинот Австрија, додека Чешка се соочува со Украина.