Мартин Брајтвајт потпиша за Барселона откако „каталонците“ добија специјална дозвола да го заменат повредениот Осман Дембеле, Данецот открива дека на никого не кажал за преговорите па ова за малку ќе му направело проблеми во бракот.
Во февруари, на Мартин Брајтвајт му се укажа шанса од соништата, да игра крај Лео Меси и да го облече дресот на Барселона. И покрај тоа што преодниот рок во Шпанија заврши на крајот од јануари, „каталонците“ добија специјална дозвола да купат нов играч поради сериозната повреда на Осман Дембеле.
Клубот од Камп Ноу се поврзуваше со неколку имиња, а на крајот изборот падна на голгетерот на Леганес.
Мартин Брајтвајт сега открива интересна приказна, преговорите со Барса биле тајни, и ова за малку ќе му направело проблем во бракот, неговата сопруга мислела дека тој има љубовница.
„Не кажав на никого, па мојата сопруга почна да се сомнева бидејќи имав долги разговори и често се искрадував во дворот за да се јавам на телефон а надвор беше смрзнувачка. Мислеше дека ја изневерувам, праша дали имам љубовница“ – раскажува Данецот.
Кога се било договорено, тој сакал убавите вести прво да и ги сподели нејзе, но веста за трансферот брзо се раширила низ медиумите.
„Кога дојдов дома, и реков „Имам нешто да ти соопштам“, а таа ми одоговори, „Знам што ќе кажеш“. Целиот план ми падна во вода. Телефонот ми бише бомбардиран од повици и пораки, исто и нејзиниот, па воопшто не беше изненадена кога седнавме да разговараме. Бев малку разочаран што не можев да ја видам таа шокантна рекција, но беше среќна и разбра зошто ништо не сум и кажал“.