Уапсени се двајца мажи, а министерката и градоначалникот го осудиле нападот на полицајците.
Министерството за внатрешни работи и шефовите на полицијата го осудиле нападот на полицајците на Скотланд Јард во јужниот дел на Лондон, откако на социјалните мрежи се проширила снимки на која се гледа како група луѓе шутира совладан полицаец на земја.
Додека лежел на земја, полицаецот бил шутиран, а неговата колешка која се обидела да му помогне, насилно ја турнале и ја тепале.
На снимката се гледа како на совладаниот полицаец му приоѓа непознат маж со бејзбол палка, додека неколку лица го окружуваат. Еден го гуши, додека другите го шутираат. На снимката се слуша како викаат, пцујат, а некој во позадина сето тоа го снима.
Во еден момент околу инцидентот се собрале се повеќе минувачи кои се смееле и позирале за селфи.
This happened in hackney today 😯😯 pic.twitter.com/ZBW4moNRCn
— London & UK Crime.. (@CrimeLdn) June 10, 2020
Полицијата известила дека двајцата службеници претрпеле полесни повреди. Во краткото соопштение велат дека им се јавило лице кое тврдело дека е нападнато и кога тие излегле на терен, налетале на група луѓе меѓу кои имало и белци и црнци.
Двајца мажи, на возраст меѓу 20 и 38 години, се уапсени поради нападот на полицајците па ќе бидат во притвор на неопределено.
“Болно, шокантно и срамно”, рекла Прити Пател, министерка за внатрешни работи, а се огласил и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
“Остро го осудувам срамниот напад на двајца полицајци на метрополитенската полиција. Овие храбри луѓе ја вршеле својата должност. Им должиме благодарност. Им посакувам брзо закрепнување. Нападите на нашата полиција нема да се толерираат. Ги повикувам сите кои имаат повеќе информации за извршителите на овој одвратен чин да се јават да се обезбеди да ја почувствуваат целосната сила на законот”, рекол Кан.