Производителот на лекови „Мерк“ побара од американските регулатори во понеделникот да ја одобрат таблетката против ковид, произведена од нивната компанија, со што светот ќе добие ново оружје против пандемијата, што е лесно за употреба.
Доколку Администрацијата за храна и лекови (ФДУ) го одобри лекот на „Мерк“, тоа ќе биде првата таблетка против коронавирус што ќе ја користат земјите ширум светот. Сите други антивирусни третмани поддржани од ФДА бараат интравенска примена.
Антивирусниот лек што луѓето би можеле да го земаат дома, за да ги намалат симптомите и да го забрзаат закрепнувањето, може да се покаже како револуционерен.
Планирано е да се искористи за ублажување на бројот на случаи во американските болници, но и за помош на сиромашните земји кои имаат релативно слаб здравствен систем.
Пред да донесе одлука, ФДА детално ќе ги испита податоците за безбедноста и ефикасноста на лекот.
„Мерк“ објави итно одобрување на лекот за возрасни со благи до умерени симптоми на ковид, кои се изложени на ризик од сериозни болести или хоспитализација.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











