Се обидел да го у*ие Реган, а следната година би можел да биде слободен

35

Федералниот судија рекол дека Џон Хинкли Џуниор, кој се обидел да го у*ие претседателот на САД Роналд Реган пред четири децении, би можел да биде ослободен од сите преостанати рестрикции следната година, ако продолжи да ги почитува правилата и остане ментално стабилен, пренесува “AP”.

Судијата Пол Фридман во текот на 90-минутното судско рочиште рекол дека својата одлука ќе ја донесе оваа недела, пренесува “AP”.

Откако Хинкли се преселил во Вилијамсбург во Вирџинија од болницата во Вашингтон во 2016-та година, рестрикциите кои му ги наметнал судот вклучувале надзор од доктор и терапевт. Забрането му е да има пиштол и не смее да контактира со децата на Реган, други жртви и нивните семејства, како ни со актерката Џоди Фостер, со која бил опседнат во времето на обидот за убиство.

Фридман рекол дека Хинкли не покажал симптоми на активни ментални болести, насилно однесување, како ни интересирање за оружје од 1983-та година.

“Ако не се обидел да го убие претседателот, би бил условно ослободен одамна. Но, сега сите се мирни по проучувањата, анализите, разговорите и искуствата со господин Хикли”, вели судијата.

Фридман рекол дека планот е Хинкли да се ослободи од сите контроли во јуни, ако се мине како што треба.

Хинкли имал 25 години кога пукал и го ранил 40-тиот американски претседател.

Поротниците одлучиле дека Хинкли пати од акутна психоза и го прогласиле за невин поради непресметливост, велејќи му дека е потребно лечење, а не живот во затвор.