Сузана Гавазова и Елена Велевска дефинитивно важат за можеби најпопуларните, но и најатрактивните, најзгодните и најсексапилни македонски фолк пејачки последниве години. Но, годиниве наназад, за нив исто така во медиумите често можевме да прочитаме дека двете фолкерки воопшто не се во добри односи. Секој медиум имаше своја приказна, секоја од нив своја страна и видување на истата, а публиката остана самата да го извлече својот заклучок, да донесе свој суд.
Имено, есента 2018 година, Велевска во едно свое интервју за еден сега непостоечки естраден ТВ магазин, изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.
Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует. Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го сними својот дел, Гавазова не се појавила.
Од друга страна на приказната, нејзината колешка Сузана во интервју за истоимениот магазин истакна дека едноставно не се погодиле со термините. Целата приказна за која Вистина.ком.мк и тогаш пишуваше, можете да ја прочитате подолу.
Дуетот никогаш не се случи, по што нивната комуникација не престана да функционира, но добро упатените тврдеа дека оттогаш односите им биле баеги „заладени“, а нивните муабети се сведувале на „службени“?!
Речиси две години подоцна, корона пандемијата ја „закатанчи“ естрадата дома. Затворени локали, забранети јавна собирања, стопирана дејност… На естрадните уметници, меѓу кои и на двете македонски фолкерки, единственото нешто што им остана беше музицирањето… од дома! Гавазова таа можност обилно ја користеше, па секој викенд атракртивната струмичанка има мини концерт од својот дом во живо и тоа онлајн, пред вклучените камери кои тоа го пренесуваат на Интернет и социјалните мрежи.
Велевска пак, додека настапите и се „во лер“ заради карантинот и изолацијата, паузата ја искористи исто така работно, само на поинаков начин. Со „Томато“ продукција сними ново, провокативно видео за нејзината стара песна „Говорот на телото“, во кој Елена соло пред камерата го потенцираше сиот свој телесен раскош и сексапил, а истото го „репризираше“ неодамна и со слична, уметничко-еротска фотосесија, во која Елена во различни пози се претстави прилично гола, од центарот на македонската метропола.
Деновиве ненадејно во јавноста осамна информацијата дека Сузана Гавазова и Елена Велевска закажале фолк дуел?! Иако се’ уште јавно не се знае чија е идејата, всушност се работи за уште еден закажан саботен „хоум концерт“ во живо на Сузана Гавазова, на кој нејзин специјален гостин ќе биде Елена Велевска, а сето тоа онлајн на Интернет ќе го пренесува сателитската ИН ТВ!
Сепак, откако веста се појави на социјалните мрежи, одекна како бомба, па многумина тврдат дека всушност станува збор за еден вид музички двобој на двете атрактивни фолкерки.