Суперлуксузната јахта на катарскиот шеик се закотви во Дубровник

281

Суперјахтата Ал Лусаил, во сопственост на Тамим бин Хамад Ал Тани, емир на Катар, впловила вчера во дубровничката акваторија, пишува “Dulist.hr”.

Станува збор за луксузно пловило со должина од 123 метри, чија вредност се проценува на 300 милиони американски долари. Инаку, јахтата на Ал Тани е само еден метар пократка од мегалускузната јахта на неговиот татко, која во 2016-та година исто така впловила во Дубровник.

Тани е еден од неколкуте најбогати владетели на Катар, чие лично богатство се проценува на 2,5 милијарди долари. Неговата јахта има дури 46 кабини, додека екипажот има 56 членови.

Нејзината внатрешност се состои од теретани, кино сали, гаражи, клуб, салон за убавина, подлога за слетување на хеликоптер, подводни светла…, а направена е во 2016-та година.

Инаку, шеикот кон крајот на минатата година ја посетил Колинда Грабар Китаровиќ, претседателката на Хрватска, и рекол дека Катар е заинтересиран за вложување во оваа земја.