Овој референдум има една специфика бидејќи сме заедно за една цел. Овој е првиот момент во историјата на Република Македонија во кој двете најголеми заедници, Македонската и Албанската, чекорат заедно и работат на тоа овој референдумот да биде успешен и ние да се зачлениме во НАТО, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со граѓаните во Преспа, во рамките на кампањата за референдумот.
Ахмети истакна дека ова е неповторлив момент и дека на 30. септември се одлучува за иднината на народите кои живеат во овие простории.
„Овој референдум има една специфика бидејќи сме заедно за една цел. Овој е првиот момент во историјата на Република Македонија во кој двете најголеми заедници, Македонската и Албанската, чекорат заедно и работат на тоа овој референдумот да биде успешен и ние да се зачлениме во НАТО. Ние, покана за членство имаме и после спроведувањето на овој договор се очекува и ратификација од сите земји членки на НАТО со што очекуваме за 15 месеци да станеме 30. полноправна членка на воено – политичката алијанса наречена НАТО. Додека во јуни наредната година очекуваме да започнеме преговори за членство во Европската Унија“, рече лидерот на ДУИ.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



