Судир на патнички воз и товарна локомотива во Србија, 15 повредени

754

Најмалку 15 луѓе се повредени рано утрово во 6 часот, кога на пругата во белградската населба Рипањ се судриле патнички воз и товарна локомотива, пренесуваат српските медиуми. Како што изјавил портпаролот на Брзата помош, Мирко Лутовац, можно е да има и лица со тешки повреди.

На терен се две лекарски и една транспортна екипа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Според информациите, несреќата се случила во близина на тунел на пругата.