Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16 август поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ е во болница по породувањето.
Судијата Осман Шабани рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.
И минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, тогаш поради ризична бременост.
Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















