Деца, од кои некои имаат само 8 години, учат да убиваат Руси и нивни приврзаници во еден воен логор кој бил основан од украинска радикална националистичка група.
Во воениот логор скриен во шума на западот на Украина, кој го посетиле новинарите на “AP”, децата вежбаат со автоматски пушки.
Логорот бил направен за децата да се обучуваат да војуваат и за да се шири националистичка идеологија.
Националистите биле обвинети за насилство и расизам, но и натаму се столбот на доброволните одреди во борбата против проруските бунтовници на истокот на земјата и одржуваат врски со владата во Киев.
На почетокот на годината, украинското министерство за млади и спорт одвоило 150.000 долари за финансирање на некои од националистичките омладински логори.








