Двегодишното момче Хулен Росело, чие безживотно тело во саботата наутро, после 13-дневна сложена акција за спасување, кое беше најдено во бунар, погребано е во попладневните часови.
Веста за неговата смрт брзо се проширила на улиците во Ел Пало, тоа е област во Малага на крајбрежјето. Кога пристигнал ковчегот, на малите гробишта во Малага се собрале дури 400 луѓе. После 13-те дена надеж и очај, дошле да се опростат од малиот Хулен.
Кога пистигнала погребалната служба, многумина почнале да плачат. Родителите на настраданото дете, над отворениот ковчег го допирале и плачеле. Бабата на Јулен не можела да го гледа својот мртов внук, па морале да ја тргнат.
Само неколку часа пред закопот, била и последната надеж за чудо. Откако телото било најдено во раните утрински часови, околу 16:30 погребалното возило тргнало кон Малага, каде била направена обдукција.
„Се претпоставува дека детето паднало директно во бунарот. Веројатно веднаш било мртво“, рекол за Билд претставник на шпанската влада.
Таткото на Хулен, Хозе Росело, со себе ја земал и топката на Хулен, која ја држел во рацете додека влегувал во салата во која семејството и пријателите се простувале од детето.
Луѓето влегувале еден по еден и се простувале. Излегувале од салата, останувале со часови пред неа, сè додека не паднал мрак.
„Цела Шпанија сочувствува со семејството на Хулен, во нивната бескрајна тага“, напишал премиерот Педро Санчез на Твитер, а кралот Филип Шести му изразил „длабоко сочувство“ на семејството.
„Не повотрно, не!“, извикал таткото на Хулен, дознавајќи за веста дека детето е мртво, пренел фотографот на AFP.
Како што пренесува Велт, мочето паднало во бунарот пред очите на таткото, кој во интервју за шпанскиот дневен весник „Diario Sur“ изјавил дека детето паднало на нозе во дупката.
„Околу отворот имаше камења, го исчистив местото и се обидев да го извадам, но веќе беше доле и повеќе не можев да го видам“, рекол тој, додавајќи дека на почетокот слушнал тивок плач, кој набрзо запрел.