Еден пациент во Холандија и уште еден во Белгија повторно се заразени со корона вирус.
Како што јави холандскиот радиодифузен систем НОС, оваа седмица се појавија информации за еден маж во Хонконг кој повторно се заразил со корона вирус по 4,5 месеци откако оздравел.
Во изјава за холандскиот сервис, вирусологот Марион Копманс вели дека повторно заразениот пациент од Холандија е постар човек со ослабен имунитет.
Како што наведува Ројтерс, потребни се генетички изпитувања за да се утврди врската меѓу случаите на повторна зараза, односно дали постои разлика во видот на вирусот.
Копманс, која е стручна советничка на холандската влада, додаде дека случаи на реинфекција не се изненадување, но дека треба да се утврди дали таа појава е честа.
Според вирусологот Марк ван Ранст, пациент од Белгија има симтоми на Ковид-19, а неговиот случај покажува дека антителата развиени во организмот по првата инфекција не биле доволни да го спречат повторното заразување со нешто поинаков вид од истиот вирус.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


